Владиката Милутин од СПЦ ја загуби битката со коронавирусот

Како што пишуваат српските медиуми, владиката Милутин починал во 2 часот по полноќ во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград.

1,490

Епископот ваљевски г. Милутин од Српската православна црква (СПЦ) почина на 79-годишна возраст како резултат на коронавирусот. Како што пишуваат српските медиуми, владиката Милутин починал во 2 часот по полноќ во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград.

Како што и претходно пренесовме, г. Милутин бил позитивен на Ковид-19 заедно со уште двајца свештеници од неговата епархија. Од неговиот Кабинет уште веднаш соопштија дека никаква делегација, свештеници или верници не ја посетиле епархијата во последно време, а како што посочија, и самиот епископ не патувал во ниту едно кризно подрачје погодено од коронавирусот.

Поврзани содржини