Трамп одлучи: Њујорк нема да биде затворен

Трамп претходно ја објави можноста за затворање на Њујорк и делови од Њу Џерси и Конектикат како мерка за борба против коронавирусот.

635

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одлучи дека нема потреба Њујорк да биде во карантин, пренесува „Би-Би-Си“.

Трамп претходно ја објави можноста за затворање на Њујорк и делови од Њу Џерси и Конектикат како мерка за борба против коронавирусот.






Гувернерот на Њујорк изјави дека затворањето би било „смртоносно“ и „антиамериканско“.

Тој додаде дека Њујорк веќе спровел карантински мерки, како што е забрана за големи собири и им нареди на луѓето да останат дома, но дека ќе се спротивстави на какви било напори да го „затворат“.

Со повеќе од 123.000 заразени, Соединетите држави се први на листата по заразени со Ковид-19 во светот, а бројот на починати надмина 2.200 лица.

Поврзани содржини