Премиерот Оливер Спасовски и министерот за образование Арбр Адеми како ученици одговараа на прашања на емисијата ТВ училница на МТВ.
– Љубица Љубенко ми беше прва наставничка во предучилишна во Куманово. Од прводо четврто ми беше Вита Крстевска – одговори Спасовски.
Тој додаде дека се сеќава на многу лекции и го пофали професорот по математика Драгиша Димитријевиќ.
Адеми пак, сакал мајчин јазик и литература, но и географија и историја. Тој рече дека имал најдобри наставници.
Тие на учениците им порачаа да ги почитуваат препораките во време на пандемијата.