Спасовски: Новата забрана за движење во викенд е за поголема заштита, остануваат да важат и претходните
За време на викенд (сабота и недела) за сите граѓани се забранува движењето од 16 часот до 5 часот наредниот ден. Одлуката ја донесе Владата, а на Фејсбук ја соопшти премиерот Оливер Спасовски.
– Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд, со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот – објави Спасовски.
Во сила остануваат и сите други претходно донесени забрани.
Од 22 март е воведен полициски час кој трае од 21 до 5 наутро. Повозрасните од 67 години може да се движат надвор само од 5 до 11 часот, а на младите до 18 години им е дозволено од 12 до 21 часот.