Заев: Ние го направивме чекорот, ДУИ сама да каже дали се откажува од парите за партијата

Ова е несериозен пристап во многу сериозна ситуација да се најавуваат мерки на Фејсбук или од партиско седиште без консултации и без каква било анализа, коментираат од ДУИ.

1,971

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го повика владиниот партнер ДУИ да се изјасни дали ќе се откаже од парите за партијата.  Предлогот годинава партиите да се откажат од финансиите кои им следуваат пред два дена дојде од министерката за правда Рената Дескоска.

– Ние може да кажеме за себе. Јас се согласувам дека солидарноста треба да ја имаме како никогаш порано. Парите не треба да одат кај партиите, туку кај граѓаните. ДУИ треба сама да каже, ние го напарвивме чекорот. Верувам дека сите ќе бидеме солидарни и одговорни – рече Заев.






На предлогот тогаш реагираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој рече дека ќе го поддржи, но за возврат побара Дескоска,  министрите, замениците и државните секретари до крајот на мандатот да работат про боно, односно без никаков надомест.

Од ДУИ за Плусинфо тогаш изјавија дека предлогот е несериозен.

– Ова е несериозен пристап во многу сериозна ситуација да се најавуваат мерки на Фејсбук или од партиско седиште без консултации и без каква било анализа. Сепак, ситуацијата е пресериозна, нѐ засега сите и не сме во трка по партиски гласови – велат од ДУИ за Плусинфо.

 

Поврзани содржини