ДУИ отвори телефонска линија за помош на изолираните граѓани

ДУИ одлучи да стави на располагање над 10 илјади нивни активисти, кои ќе им помогнат на граѓаните од најранливата категорија и кои најмногу имаат потреба од помош.

573

Под мотото #СЕГРИЖИМЕ, ДУИ најави дека ќе обезбеди поддршка за секој граѓанин кој се наоѓа во излоација без разлика на партиска припадност, според препораките на Владата за заштита на населението од ковид 19.

– Ја воспоставивме телефонската линија #СЕГРИЖИМЕ  0 800 55 000. Ги покануваме сите граѓани, на кои им е потребна помош од секојдневни потреби, како што е испорака на намирници и лекови или превози кои се од суштинско значење за нивниот животот, да се јават на нашата отворена телефонска линија и на нашите волонтери ангажирани локално, кои ќе ја дадат целата можна поддршка – рече денеска на прес конференција Бујар Османи од ДУИ.






На денешната прес конференција од седиштето на ДУИ, Бујар Османи, ја презентираше новата телефонска Платформа, со која на сите граѓани на Република Северна Македонија, ќе им се пружи поддршка за сите нивни основни потреби. Преку движењето #СеГрижиме, ДУИ ќе им пружи поддршка на сите граѓани кои според препораките на Владата, одлучиле да останат дома, во исчекување на надминување на една од најтешките пандемии во последните години.

– Додека чекаме да почне кампањата за Парламентарните избори, ДУИ одлучи да стави на располагање над 10 илјади нивни активисти, кои ќе им помогнат на граѓаните од најранливата категорија и кои најмногу имаат потреба од помош. Волонтерите од движењето #СеГрижиме ќе бидат распределени во сите региони на Република Северна Македонија, за да им помогнат на старите изнемоштени лица, или на тие кои поради други причини, одлучиле да останат дома. Сега е време за солидарност и да ги оставиме на страна политичките поделби и дневните политички битки – рече Османи.

 

Поврзани содржини