3 ЧАСА ПЛУТАЛЕ СРЕДЕ ЈАДРАНОТ ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ТРАЕКТ Помошта за 54 патници стигнала дури вечерта

Траект на „Јадролинија“ доживеал дефект на моторот на линијата кон островите Иж и Рава. Наместо во пристаниште, патниците поминале речиси три часа на море додека чекале влекач да пристигне на помош.

0

Десетици патници од траект во Хрватска останале да плутаат среде Јадранот поради дефект. Наместо закотвување во пристаниште, следеле часови неизвесност поради дефект на моторот на траекот.

Според сведоштво на еден од патниците, бродот кој патувал на линија Задар-Иж-Рава пристигнал пред пристаништето околу 16 часот, но моторите потребни за маневрирање и запирање престанале да работат.






– Чекавме околу три часа за помош – изјавил патникот за хрватските медиуми.

По повеќе од два часа чекање, на патниците им биле поделени бесплатни пијалоци.

Од „Јадролинија“ потврдиле дека се работело за технички дефект, по што бил повикан влекач. Помошта пристигнала околу 19 часот и траектот безбедно бил одвлечен до пристаништето Бршањ.

Сите 54 патници биле успешно симнати од бродот без повредени.

Траектот е повлечен на поправка, додека редовната линија привремено ја презел друг брод.

Поврзани содржини