ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ИСТРАЖУВА СКАНДАЛОТ СО МОБИЛНИОТ НА ЈОВАНОВ Ќе има постапки против службеници од затворот

886

Откако вчера на социјалните мрежи вчера беа објавени фотографии од 20-годишниот Васил Јованов кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова, во притвoрсо мобилен телефон во рацете, денеска Основното јавно обвинителство информира дека ги следи информациите во врска со случувањата во затворот „Скопје“.

„Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во затворот ‘Скопје’ и по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана“, информираат од Обвинителството.

 






Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов доцна синоќа потврди дека фотографиите од Јованов се автентични и рече дека во ќелиите биле направени претреси, каде се најдени телефонорт на Јованов и други телефони.

Тој порача дека откако ќе се утврди кој му го дал телефонот, ќе биде избркан од работа.

Поврзани содржини