ЖЕНИ ЗАНАЕТЧИИ ГИ ИЗЛОЖУВААТ СВОИТЕ УНИКАТНИ ИЗРАБОТКИ ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Се одбележуваат деновите на занаетчиството

Со оваа изложба се надеваме дека ќе инспирираме многу млади луѓе и многу жени да го препознаат овој креативен потенцијал, да се вмрежат и да го афирмираат нашето културно богатство преку заживување на занаетите и да придонесат кон развојот на економијата, вели извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска-Сачмароска

88

„Пандемијата на коронавирус не е само здравствена криза, туку е и социјална и економска криза, со пошироки реперкусии, кои потешко ги погодуваат жените отколку мажите“, рече извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска-Сачмароска на отвoрањето на изложбата „Жени во занаетчиство“.

Уникатни изработки од 30-ина жени занаетчии се поставени на изложбата насловена „Жени во занаетчиство“, која овие два дена ќе биде отворена во Кабинетот на претседателот, по повод Деновите на занаетчиството. Изложбата е под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска, а во организација на Центарот за управување со промени.






„Жените го сочинуваат најголемиот дел од здравствените и социјалните работници и беа на првата линија на борбата против ковид-19. Од 31.385 здравствени работници 76,9 % се жени, а 23,1 % мажи. Грижата за децата беше дополнителен предизвик за вработените родители, а особено за жените за време на кризата и особено за самохраните родители. Жените се за 19 % помалку застапени од мажите на пазарот на труд во вкупното активно население. Голем дел од жените што живеат во земјава главно се вработени во неформални активности, со ниски плати. Ваквите состојби сугерираат дека жените се изложени на поголем ризик од невработеност за време на кризата“, појасни таа.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини
na