📽️ ЖЕНА СЕ ПОРОДИ ВО УРНАТИНИТЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА Првиот плач на бебето ги израдува присутните на породувањето

Снимката од породувањето го обиколи светот, а задоволство на сите што присуствуваа на породувањето е големо бидејќи и жената и бебето се живи.

237

Жена во Венецуела се породи под урнатините на срушена зграда по двата разорни земјотреса што се случија пред ва дена.

Снимката од породувањето го обиколи светот, а задоволство на сите што присуствуваа на породувањето е големо бидејќи и жената и бебето се живи.






На снимката се гледа како жената лежи на штица на земја, опкружена со луѓе во темнина без лекарска помош. Друга жена ѝ помага да се породи.

 

Повеќе од 250 згради се урнаа по таканаречениот двоен шок – два шока што се случија еден по друг за само 39 секунди. Првиот земјотрес беше со магнитуда од 7,2 степени, а вториот 7,5. Илјадници луѓе беа заробени под урнатините.

Во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, според најновите податоци од властите, загинаа повеќе од 900 луѓе, додека 3.360 лица беа повредени.

Спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани, додека семејствата очајно чекаат вести за своите најблиски.

 

Поврзани содржини