ЗЕМЈАТА СЕ ЗАТРЕСЕ КАЈ ГОСТИВАР Земјотрес од 2,5 степени почувствуван во градот и околината
Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека потресот бил регистриран во 16:10 часот, а бил почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот со локална магнитуда од 2,5 степени бил регистриран во 16:10 часот, на околу 47 километри југозападно од Скопје.
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтер денеска попладне го потресе епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Потресот бил регистриран во 16:10 часот, а епицентарот се наоѓал на околу 47 километри југозападно од Скопје.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван од жителите на Гостивар и околината, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.