ПУКАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО САД Пет лица повредени, едни се бори за живот

Инцидентот се случил околу 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот комплекс „Quad Annexes“. Полицијата ги истражува сите околности.

124

Пет лица се повредени во пукање што рано утрово се случило на Државниот универзитет на Вирџинија во САД, при што едно лице е во критична состојба, соопштија универзитетот и полицијата.

Пукањето се случило околу 1:28 часот по локално време, во близина на студентскиот станбен комплекс „Quad Annexes“, пренесува NBC News.

 






Според надлежните, во инцидентот учествувале повеќе лица. Сите петмина повредени биле пренесени во локалните болници.

Едно од повредените лица е во критична состојба, додека останатите четворица се здобиле со полесни повреди.

 

Полицијата продолжува со истрагата и ги утврдува околностите под кои дошло до пукањето, како и што му претходело на инцидентот.

Засега нема дополнителни информации за можниот мотив, ниту за тоа дали има уапсени лица во врска со пукањето.

Поврзани содржини