📽 ЗАВРШИ БЛОКАДАТА НА РТВ И НА РТС ВО БЕЛГРАД Полицијата извршила акција во раните утрински часови
Студентите изјавија дека акцијата ја координирале со студентите од белградскиот универзитет, кои повикале на блокада на РТС, бидејќи, како што наведуваат, и двата јавни сервиси не известиле за велосипедистите кои во протест патуваат до Стразбур и како што тврдат, не е напишана „ниту една пристојна колумна за тоа“.
Деблокиран е главниот влез на државните телевизии РТВ и РТС со брза и одлучна акција на српската полиција, без употреба на сила, јавуваат српските медиуми. Група студенти се собраа пред објектите вечерта на 14 април, нешто по 22 часот.
„Во соработка со обвинителството во тек е идентификација на сите лица кои сториле кривични дела и прекршоци, а против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува Б92.
Студентите изјавија дека акцијата ја координирале со студентите од белградскиот универзитет, кои повикале на блокада на РТС, бидејќи, како што наведуваат, и двата јавни сервиси не известиле за велосипедистите кои во протест патуваат до Стразбур и како што тврдат, не е напишана „ниту една пристојна колумна за тоа“.
Полициската акција за расчистување на објектите на РТВ и РТС се случила во периодот од 4.20 до 4.40 часот утринава. Сообраќајот функционира на улицата Таковска.
— Jela123 (@JelA123abc) April 14, 2025
Студентите кои го блокираат РТС изјавија дека протестот ќе трае „до објавување на нов конкурс за РЕМ или додека РТС не се затвори“, додека студентите што блокираа во Нови Сад најавија 24-часовна блокада на РТВ.
Студентите кои го блокираа РТС во Таковска најавија дека ќе бидат на смени пред зградата, а во текот на ноќта правеа врева со свирежи и вувузели. Тие изјавија дека блокадата ќе трае сè додека можат да издржат.
🇷🇸
Beograd, RTS pic.twitter.com/O3RW5HgCMw— Špiro Seneka (@SenekaSpiro) April 14, 2025
РТС побара од студентите да престанат да ги блокираат објектите на јавниот сервис, нагласувајќи дека блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавните служби да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок.
Во соопштението објавено на веб-страницата на РТС се наведува дека причината за тековната блокада е намерата да се затвори РТС и дека тоа претставува насилство и незаконско однесување. Нагласено е дека РТС во сите свои програми, на телевизија, радио и на интернет порталот редовно ги објавува сите информации важни за граѓаните на Србија, вклучително и вести за студентски блокади.