ЗАТВОР И КАЗНА ОД 2,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Поранешниот градоначалник на Лозово Ацо Велковски со пресуда за злоупотреби

Ова не е прв скандал поврзан со Велковски. Додека беше градоначалник, тој често беше критикуван за неговото отсуство од работното место, а најголема бура во јавноста предизвика кога неговата ќерка освои шпорет во наградна игра организирана од Општината Лозово.

6,471

Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ, е осуден на една година и шест месеци затвор за „несовесно работење во службата“ и нанесување финансиска штета на буџетот на општината.

Одлуката ја донесе Основниот суд во Свети Николе на 4 март оваа година, а покрај затворската казна, Велковски е задолжен да исплати 2.285.044 денари како оштета на општината.






Случајот се однесува на договорот што Велковски го склучил на 19 јуни 2019 година со компанијата ДГТУ Еврорадба Инжинеринг ДООЕЛ за реализација на проект. Подоцна, на 27 декември 2019 година, тој потпишал договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, со кој се обезбедиле 2.285.044 денари за истиот проект.

Според договорот, проектот требало да биде завршен до 31 декември 2020 година, но Велковски неколку пати без основа го продолжувал рокот за изведба, со што крајниот рок бил поместен до 15 мај 2021 година. Поради овие одлуки, Општина Лозово се соочила со финансиска загуба, бидејќи биле прекршени условите на договорот со финансиерот – Агенцијата за финансиска поддршка.

Ова не е прв скандал поврзан со Велковски. Додека беше градоначалник, тој често беше критикуван за неговото отсуство од работното место, а најголема бура во јавноста предизвика кога неговата ќерка освои шпорет во наградна игра организирана од Општината Лозово.

Исто така, неговото име беше спомнувано во случаи на мобинг и насилство врз вработени во општината и во основното училиште во Лозово.

Поврзани содржини