ЗАГИНА ГРАДЕЖНИК ОД КРИВОПАЛАНЕЧКО Паднал од објект во Скопје

495

Работник од кривопаланечкото село Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје.

По падот 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде  што починал.

– Пријавено е дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С. (59) од с. Герман, кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде околу 17.40 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт, соопшти МВР.

 

Поврзани содржини