ВУЧИЌ НАЈАВИ НОВА ЕРА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ СРБИЈА И САД Кој мисли дека треба да имаме лоши односи со Вашингтон, не заслужува да ја води земјата

Како клучна пресвртница за Србија, српскиот претседател Александар Вучиќ го издвои неодамна започнатиот стратешки дијалог со Вашингтон.

0

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милион долари за уништување на заостанатите неексплодирани бомби и за деминирање и оцени дека пред двете земји е период на воспоставување нова ера во меѓусебните односи.

По презентацијата на работата на деминерите во Центарот за деминирање во Велика Моштаница, Вучиќ истакна дека Србија и САД не можат да го менуваат минатото, но можат да влијаат врз иднината, додавајќи дека по тешките 1999 и 2008 година, со оптимизам гледа на развојот на билатералните односи.






Тој посочи дека оваа соработка ги опфаќа сите важни прашања, вклучително и позицијата на КФОР на Косово, како и решавањето на прашањето со Нафтената индустрија на Србија (НИС) во текот на септември, што не би било можно без американското разбирање. Како клучна пресвртница за Србија, Вучиќ го издвои неодамна започнатиот стратешки дијалог со Вашингтон.

– Секако, нашиот однос со Косово е различен од оној на САД. Благодарен сум што во последните неколку месеци тие постојано се трудеа да спречат создавање понатамошни тензии, би сакал да кажам уште нешто, но не сакам да ги ставам во потешка ситуација. Сакам да кажам нешто за доброто на нашите граѓани. Работата на оние од нас кои се занимаваат со државата е да градиме подобри, а не полоши односи. Немаме право да заборавиме што се случило во минатото, ниту ние, ниту тие, но имаме обврска да градиме подобра иднина. Кој мисли дека ни треба иднина со лоши односи со САД, не заслужува да ја води земјата. Немам алтернатива, морам да се борам за позицијата на нашиот народ – рече Вучиќ.

Поврзани содржини