📽️ ВУЧИЌ ЌЕ ГО „ПРОЧИСТИ“ СИСТЕМОТ ОД НЕОДГОВОРНИТЕ Лесковчани му порачаа на српскиот претседател да „оди да се лечи“

На улиците на Лесковац се собраа демонстранти кои се противат на политиките на Вучиќ. Полицискиот кордон ги спречи да стигнат до театарот, а толпата ја искажа својата фрустрација со скандирања и повици за оставка. Тие скандираа „оди лечи се, ти си болен“ и „пумпа, пумпај“.

828

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Лесковац истакна дека „научил лекција“ од тековните протестни настани во Србија и најави драстични мерки за сите оние кои не ја исполнуваат својата улога. Според него, сите државни органи мора да реагираат ефикасно во секој момент и на секое место.

– Оние кои не сакаат да ја исполнуваат својата должност, ќе бидат сменети. Полицајците кои нема да го штитат редот и законот, како и обвинителите кои ќе се однесуваат неодговорно, ќе бидат разрешени – изјави Вучиќ на собирот во Народниот театар во Лесковац.






Во исто време, на улиците на Лесковац се собраа демонстранти кои се противат на политиките на Вучиќ. Полицискиот кордон ги спречи да стигнат до театарот, а толпата ја искажа својата фрустрација со скандирања и повици за оставка. Тие скандираа „оди лечи се, ти си болен“ и „пумпа, пумпај“.

 

Протестите во Србија започнаа во ноември 2024 година, по трагедијата на железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 15 луѓе по уривањето на настрешницата. Од тогаш, протестите прераснаа во големо движење против корупцијата, обединувајќи различни групи како студенти, професори и работници. Дека ситуацијата е сериозна, потврдува и трагичната смрт на Вукашин Црнчевиќ, кој стана 16-та жртва од уривањето на настрешницата.

– Тие не се само статистика. Тие се наши деца и нивната борба продолжува – порача еден од учесниците во протестот.

Протестите продолжуваат и ќе бидат во тек, додека барањата за одговорност и правда се сè појасни. Вучиќ се соочува со се поголем притисок, а за државните органи во Србија, ситуацијата постанува тест за нивната ефикасност и чесност.

Поврзани содржини