Омилениот шопинг настан во сите брендови на Fashion Group пристигнува со попусти до -30% на актуелните колекции есен-зима 2026 и дополнителни намалувања до -30% на веќе намалените цени.
Сезонава, модата е во знакот на богатите текстури, топлите земјени тонови, впечатливите силуети и безвременските парчиња што лесно го наоѓаат своето место во секоја гардероба. Ако тоа е приоритет на твојата листа, започни го шопингот со прошетка во Fashion&Friends, GUESS, HUGO, MANGO, Levi’s, Replay и Springfield каде те очекуваат намалувања до -30% и дополнителни -30% на веќе намалените цени. Доволно добра причина да направиш простор во гардеробата за новите модни фаворити!
За оние што ја препознаваат убавината во прецизните кроеви, префинетите детали и безвременската елеганција, BOSS, Bitsiani и Dan John имаат до -25% попуст и дополнителни -25% на веќе намалените цени. Истата акција ја има и во GEOX, каде што удобноста никогаш не е компромис за добриот стил.
Понекогаш, сè што му е потребно на еден изглед е вистинскиот моден додаток. Нова чанта, впечатлив накит или шал во боите на сезоната – ако ова го меркаш одамна, посети ги продавниците на Parfois и ќе ги најдеш со -30% попуст и дополнителни -30% на веќе намалените цени.
Истите попусти те очекуваат и во Women’secret, за сите оние моменти кога удобноста, женственоста и грижата за себе се на прво место.
Следната шопинг станица со -30% попуст на колекцијата есен-зима и уште толку намалување на намалените цени, нека биде Okaïdi, каде што зимските модни авантури на најмалите стануваат уште повесели, а одвојте време и за неверојатните дополнителни намалувања од -30% на Fashion Group Outlet.
А за крај – малку повеќе сјај!
Бидејќи ниту една модна приказна не е целосна без доза убавина и сјај, KIKO Milano го заокружува Black Friday искуството со до -40% попуст на www.fashiongroup.com.mk. Од суптилни дневни нијанси до смели кармини и блескави текстури за вечерните излегувања – претстојната празнична сезона е совршен повод за нови експерименти пред огледалото, а попустот совршено оправдување. Доколку пак ги посетите продавниците на брендот, ќе најдете уште една исклучително добра понуда и можност да купите три производи, а три да добиете гратис!
На крајот, најдобрите шопинг избори не се само оние што ги правиме поради добрата цена, туку оние во кои се препознаваме себеси.
– Овој Black Friday, одбери парчиња што ќе ги носиш со задоволство, детали што ќе го раскажат твојот стил и подароци што ќе измамат насмевка. Брендови во кои се пронаоѓаш. Листата ја имаш, а цените – подобри од кога било! Се гледаме во продавниците на Fashion Group и секако го чекаме твојот клик на www.fashiongroup.com.mk! – велат од Fashion Group.