ВРАБОТЕН ВО ИТНА ПОМОШ СО НОЖ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА КОЛЕГИТЕ Инцидент во здравствена установа во Карпош

Случајот бил пријавен во СВР Скопје неколку часа по инцидентот, а полицијата работи на негово расчистување.

1,098

Вработен во Итна медицинска помош со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал во здравствена установа на подрачјето на Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, инцидентот се случил на 9 август, околу 16:50 часот, кога Ф.С., вработен во Итна медицинска помош, агресивно се однесувал во здравствената установа и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал.






Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 19:30 часот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини