🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ЗАГИНА 19-ГОДИШЕН МОТОРЏИЈА НА ПЛАСТИЧАРСКА Возило му го попречи патот

На пластичарската улица синоќа загина млад моторџија, а друг е повреден откако возило им го пресече патот.

1

На пластичарската улица синоќа загина млад моторџија, а друг е повреден откако возило им го пресече патот.

Порталот Скопје1 објави видео од страотната несреќа на кое се гледа како возачот на моторот со поголема брзина удра во возило кое сврте во неговата коловозна лента. Мотоциклистот од силниот удар одлета десетици метри напред на коловозот. Веднаш по него, во возилото удри уште еден моторџија, кој излета од моторот, но падна веднаш зад зад возилото.






„На 29.5.2026 година во 22:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот Никола Карев и улицата Прохор Пчински во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово, скопско, мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „хонда хдв“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Б.(21) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал“, соопшти полицијата.

По наредба на јавен обвинител возачот Н.Х. е лишен од слобода. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини