ВОЗЕЛЕ 100 КИЛОМЕТРИ ВО ИТАЛИЈА СО МРТВИОТ СИН НА ЗАДНОТО СЕДИШТЕ Мислеле дека спие

Младиот човек престанал да реагира додека се возел, но неговите родители мислеле дека се одмара. Кога по подолго време се обиделе да го повикаат и не добиле одговор, го запреле автомобилот, го допреле и сфатиле дека срцето не му чука.

0

Родители возеле околу 100 километри на автопатот во Италија без да знаат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие биле убедени дека спие, пишува „Кориере дела Сера“.

Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот наутро на автопатот Торино-Пјаченца, помеѓу раскрсниците Кастеџо и Вогера. Семејство од романско потекло патувало кон Торино. Таткото возел, мајката седела на совозачкото седиште, а нивниот син бил на задното седиште.






Младиот човек престанал да реагира додека се возел, но неговите родители мислеле дека се одмара. Кога по подолго време се обиделе да го повикаат и не добиле одговор, го запреле автомобилот на место за одмор. Го допреле и сфатиле дека е во несвест и дека срцето не му чука.

Повикале брза помош, а лекарот констатирал смрт.

Според италијанските медиуми, 31-годишникот починал од срцев удар. Родителите им кажале на лекарите дека имал благи проблеми со срцето.

Последниот пат кога разговарале со нивниот син бил приближно на 100 километри пред да застанат. Наводно, тој починал толку ненадејно што не побарал помош.

Поврзани содржини