(ВИДЕО) ТАА ЧИСТИ НА 11. КАТ, ЛУЃЕТО СЕ ПОТРЕСУВААТ Непријатна глетка ги вознемири белграѓани
Кој ја најмил оваа жена да го чисти станот. Ова не е сопственикот на станот. Да се тера жена на необезбедена мини-тераса да мие прозор на Господ знае кој кат е сосема идиотски. Она што ми изгледа поидиотско е неможноста или незнаење дека крилото може да се отвори одвнатре. Или не може?!, гласеше еден од коментарите под видеото.
Жена облечена во црна маица и црни хеланки брише прозори на 11 кат во зграда во популарниот дел од Белград наречен „Белград на вода“. Таа е тотално необезбедена, а некој ја снимил и ја постирал на инстаграм-страната „serbialive_beograd“.
Се препоставува дека жената е чистачка.
View this post on Instagram
„Кој ја најмил оваа жена да го чисти станот. Ова не е сопственикот на станот. Да се тера жена на необезбедена мини-тераса да мие прозор на Господ знае кој кат е сосема идиотски. Она што ми изгледа поидиотско е неможноста или незнаење дека крилото може да се отвори одвнатре. Или не може?!“, гласеше еден од коментарите.
Другите беа иронични:
„Сиромашните зедоа по 3.500 евра на метар квадратен, па не му остана ништо на куќниот совет освен да им плати на алпинисти да ја мијат надворешноста…“
Многумина во коментарите спомнаа дека на оваа жена треба да ѝ се даде плата од 10.000 евра.
Еден коментар се осврна на лошите услови во кои работат чистачите.
„Работам во компанија која одржува згради. Ќе кажам дека жените се на најниско ниво на почит. Ги омаловажуваат и ги тераат да направат сѐ за минимална плата. Иако таму има многу образовани жени, тие се принудени да ја вршат оваа работа поради нивната возраст. Нема пари за кои треба вака да ви го доведат животот во прашање. Страшно“.