УСТАВНИОТ СУД ЈА ОДЛОЖИ РАСПРАВАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ Датумот за подготвителнатата седница ќе биде дополнително утврден
Судот ја зеде предвид прогласената седумдневна жалост и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата. Датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден, соопшти Уставниот суд.
Уставниот суд на работен состанок денеска одлучи да ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана на 20 март, соопшти Судот.
„Судот ја зеде предвид прогласената седумдневна жалост и траумата низ која поминува општеството, граѓаните и државата. Датумот за одржување на подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците ќе биде дополнително утврден“, соопшти Уставниот суд.
Владата вчера прогласи 7-дневна жалост во Македонија, по катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени.