ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ ПАДНАЛО НА АСФАЛТ Пијан татко го оставил со мајката, таа ја превртела количката
СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца родители поради сомнение за запуштање и малтретирање на нивното тримесечно дете.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишниот В.М. од Прилеп и 37-годишната Б.С. од село во Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според пријавеното, на 14 јуни 2026 година во Тетово, В.М., кој бил под дејство на алкохол, ја оставил Б.С. со нивното тримесечно бебе на улица.
Потоа, според информациите од МВР, Б.С. ја превртела количката во која било бебето, при што тримесечното дете паднало на асфалтот.
Од МВР информираат дека по случајот е поднесена кривична пријава против двајцата родители поради сомнение за „запуштање и малтретирање на дете“.