ТРЕВОГА ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ ВО СРБИЈА Владата на САД ги предупреди своите граѓани за опасност од насилство и од хаос во Белград
Српската полиција очекува голема гужва, сообраќаен метеж, затворање на јавните служби и сериозни последици за основните услуги, вклучително и итна медицинска помош, како и можни прекини во мобилната телефонија, додека владата предупредува дека е можно насилство.
Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со протестот в сабота на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1.
„Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади. Протестите можеби ќе се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во областите во близина на државните институции и кај седиштето на јавниот сервис на РТС“, се наведува во известувањето за американските граѓани, објавено на веб-страницата на амбасадата.
Се додава дека српската полиција очекува голема гужва, сообраќаен метеж, затворање на јавните служби и сериозни последици за основните услуги, вклучително и итна медицинска помош, како и можни прекини во мобилната телефонија, додека владата предупредува дека е можно насилство, јави Н1.
ПАНИКА ВО СРБИЈА Дојава за поставени бомби ги запре сите возови