ТОЈ БЕШЕ ПРВАТА ГОЛЕМА ЉУБОВ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП Словенецот заработи многу пари на сметка на нејзиното име
Првата голема љубов на Меланија беше Петар Бутолн, поранешен новинар, кој го изгуби контактот со Меланија откако тој се приклучи на војската. Во 2016 година, Бутолн го огласи мотоциклот „Веспа“, со кој се возеше низ Љубљана и Словенија со Меланија во 1987 година. Приходите од продажбата беа наменети за хуманитарни цели, а почетната цена за аукцијата беше 9.900 долари.
Меланија Трамп, сопругата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го прослави својот 55-ти роденден. Тие се во брак од 2005 година, а пред тоа, многу мажи од нејзината родна Словенија се натпреваруваа за нејзиното внимание.
Првата голема љубов на Меланија беше Петар Бутолн, поранешен новинар, кој го изгуби контактот со Меланија откако тој се приклучи на војската. Во 2016 година, Бутолн го огласи мотоциклот „Веспа“, со кој се возеше низ Љубљана и Словенија со Меланија во 1987 година. Приходите од продажбата беа наменети за хуманитарни цели, а почетната цена за аукцијата беше 9.900 долари.
– Да, тоа е мојата Веспа и кога бевме заедно со Меланија, ја возевме низ Љубљана и до морето до Порторож. Јас одев во гимназија, а таа беше во средно училиште за дизајн. Јас имав 18 и пол години, а таа 17. Љубљана е мала, сите се знаевме и секако дека веднаш го забележуваш новото лице во друштвото. Беше убава, витка, јас малку се напив и го направив првиот чекор. Така сè почна. Јас бев нејзиното прво момче, но тоа не траеше долго, бидејќи морав да одам во војска за воена служба, а таа потпиша договор со модна агенција од Милано. Сепак, се забавувавме доста тоа лето 1987 година – рече Петар.
Тие беа во врска три месеци, а тој за својата поранешна девојка рече дека таа отсекогаш била убава и витка. Тој дојде и во нејзиниот стан.
– Беше мал стан, една соба. Таа живееше таму со нејзината сестра Инес, која беше четири години постара. Најпрво живееја со нивниот татко во изнајмен стан, а потоа нивниот татко им купи стан. Таа беше во мојот стан двапати. Убаво си поминавме, на младешки начин. Не сакаше долги состаноци, не пиеше алкохол, како другите девојки. Сакаше да се одмори на снимањето. Нашето пријателство беше прекинато од војската што ја служев во Јастребарско. Оттогаш не сме се слушнале – вели Бутолн.
Срцето на убавата Словенка го освои и Јуре Зорчиќ. Тој беше маѓепсан од Меланија додека возел мотор. Ја виде како оди по улицата и застанал да ја запознае.
– Таа не беше типична Словенка. Сакаше да живее во странство, во Италија, во Франција. Беше многу модерна – рече Зорчиќ.
Тој ја поканил Меланија на кафе и беа заедно 4 месеци, а исто така биле на одмор во Хрватска со пријатели.
– Бев во мал шок кога ја запознав. Таа е многу посебна, тоа е вистина. Од првиот момент бев импресиониран од нејзината убавина. Беше многу добро облечена и се однесуваше елегантно. Беше висока, имаше долга коса што ѝ паѓаше преку лицето – едвај можев да ѝ ги видам очите – имаше толку многу стил – рече тој.
Меланија подоцна живеела во Париз и Милано, а се преселила во Њујорк кога добила понуда од компанија за нега на коса.
Кога повторно се сретнале во 2000 година во Њујорк. Таа на Јури му се обратила на англиски, при што нагласила дека не се враќа во Словенија.
– Ја прашав: „Дали си заборавила дека си Словенка?“. Таа ми кажа дека го поминува времето патувајќи помеѓу Њујорк и Флорида и дека никогаш нема да се врати во Словенија. Мислам дека нејзиниот брак со Трамп беше судбина. Никој не веруваше пред 20 години дека таа ќе живее на врвот на светот, на Петтата авенија во Трамп Тауер, дури ни таа – заклучи поранешното момче на Меланија.