ТЕШКА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ОХРИД-ПОДМОЉЕ Тројца повредени, двајца од нив малолетници

Патнички автомобил „опел“ со струшки регистарски ознаки излетал од коловозот и удрил во метален електричен столб.

140

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на автопатскиот патен правец Охрид – Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“.

Според информациите од СВР Охрид, во 16:20 часот, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 70-годишен возач од селото Подгорци (Општина Струга), излетал од коловозот и удрил во метален електричен столб (бандера).






Во несреќата повредени се три лица: возачот С.М. (70) и двајца малолетници на возраст од 16 и 14 години. Повредените веднаш биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана медицинска помош.

Засега не се соопштени детали за тежината на повредите. Причините за несреќата се истражуваат.

Поврзани содржини