📽️ СТРАШЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА, СЛЕДИ ЦУНАМИ Првите бранови стигнаа, има жртви

Силен земјотрес од 7,5 степени го погоди источниот брег на Јапонија, а првите цунами бранови веќе стигнаа на копното. Властите издадоа предупредувања за нови бранови и започнаа проверки на критичната инфраструктура.

237

Силен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди Јапонија, со епицентар во морето на околу 100 километри од брегот на Санрику, а првите цунами бранови веќе стигнаа до источниот брег, објави јапонскиот јавен сервис НХК.

Земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри. Според истиот извор, интензитетот достигнал 5+ според јапонската сеизмичка скала. Оваа скала се движи од 0 до 7 степени.

– Според првите извештаи, потврдено е дека има човечки жртви и материјална штета. Сега собираме детални информации врз основа на кои ќе ги координираме сите активности за реагирање во случај на катастрофа – изјави јапонскaта премиерка Санае Такичи.

Првите бранови веќе го погодија источниот брег на земјата. Највисок бран од 80 см е забележан во Куџи, префектурата Ивате. Во градот Мијако, исто така во префектурата Ивате, брановите достигнаа 40 см, во Хачинохе, префектурата Аомори, 30 см, а во Уракава, на островот Хокаидо, се измерени 20 см.

Брановите стигнаа, алармот се активира

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами. Според нив, бранови високи до 3 метри би можеле да погодат делови од брегот за помалку од 30 минути. Агенцијата нагласи дека станува збор за проценки.

Најзагрозени се централниот тихоокеански брег на Хокаидо и делови од префектурите Аомори и Ивате. Властите ги повикаа граѓаните да бидат внимателни. Предупредувањата остануваат на сила.

Фото: Принтскрин/CSEM/EMSC

Мапите црвенеат, ризикот расте

Јапонскиот јавен сервис НХК објави мапа со зоните под ризик. Областите се означени со различни бои според нивото на опасност. Жолтите зони означуваат предупредување за цунами.

Црвените зони се најризични и вклучуваат делови од Хокаидо и Ивате. Таму предупредувањата се на највисоко ниво. Властите апелираат на претпазливост.

Нуклеарните централи под проверка

Јапонските власти проверуваат состојба во нуклеарната централа Онагава. Проверките се дел од стандардната процедура по силни потреси. Засега нема информации за неправилности.

Централата е во североисточниот дел на земјата. Таа често е во фокус поради искуствата од минатото. По секој поголем земјотрес се вршат дополнителни контроли.

 

„Огнен прстен“ ја тресе Јапонија

Јапонија се наоѓа во т.н. Тихоокеански Огнен Прстен. Тоа е зона со висока сеизмичка и вулканска активност. Земјата лежи на спој на неколку тектонски плочи.

Поради тоа, таму се случуваат околу 20 проценти од силните земјотреси во светот. Повеќето згради се градат со стандарди отпорни на потреси. Граѓаните се обучени како да реагираат.

На 11 март 2011 година, Јапонија беше погодена од земјотрес од 9 степени. Тогаш следеа цунами бранови високи до 40 метри. Речиси 20.000 луѓе загинаа или исчезнаа.

Поврзани содржини