СО КАМИОНИ ВОЗЕЛЕ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ!? Уапсени двајца возачи на патот Гостивар-Тетово
Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
Уапсени се двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, за што ќе следуваат кривични пријави – информира МВР на својата страница на Фејсбук.
На патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера го уапсија В.М. (30) од село Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење.
Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење.
Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.