СКОПЈЕ СО ПОСЕБЕН РЕЖИМ ЗА ЗАДУШНИЦА Полицијата воведува посебен режим на сообраќај

Поради празникот Задушница, од утринските часови ќе има изменет режим на сообраќај околу гробиштата во Бутел, Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

148

Поради верскиот празник Задушница, утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај околу гробиштата, а полицијата најави кружно движење и пренасочување на возилата со цел да се избегнат метежи и застои.

Од 6 часот наутро, сообраќајот кон градските гробишта „Бутел“ ќе се одвива по изменет режим и во една насока. Возилата ќе се движат по улицата Бутелска, потоа лево по Александар Урдаревски, па повторно лево по Боца Иванова и оттаму кон влезот на гробиштата.






За излез од гробиштата, возилата ќе се движат по Боца Иванова, потоа кон кружниот тек на Бутелска, па лево по истата улица и десно по Кемал Сејфула.

Посебен режим на сообраќај ќе има и околу гробиштата во Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

Од МВР информираат дека доколку има поголеми гужви и потреба од дополнителна регулација, изменетиот режим може да продолжи и во сабота и недела.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на сообраќајната полиција за да се овозможи безбедно и непречено движење.

Поврзани содржини