СКОПЈАНЕЦ НАШОЛ ГРАНАТА ДОДЕКА СЕ ШЕТАЛ НА ВОДНО Ја зел со себе, настанот го пријавил во полиција наредниот ден

Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 милиметри, од Втората светска војна, и била земена за понатамошна постапка.

972

Додека шетал по падините на планината Водно, 71-годишен скопјанец наишол на граната од Втората светска војна и одлучил да ја земе со себе. Настанот го пријавил наредниот ден во полиција.

„На 30 март 2025 година, во 14.11 часот во СВР Скопје, 71-годишниот З.Н. од Скопје пријавил дека на 29 март 2025 година, околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна, и била земена за понатамошна постапка.

Поврзани содржини