СКОКНАА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА Дизелот и бензинот од 98 октани поскапуваат за 2,5 денари, а бензинот од 95 октани за 2 денара

Регулаторите, сепак,  ја намалија цената на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари по литар.

228

Малопродажната цена на бензинот од 95 октани се зголемува за 2,00 денари по литар, додека  пак на дизелот и на бензинот од 98 октани се зголемуваат за 2,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ се зголемува и цената на мазутот зголемува за 0,846 денари па килограм ќе чини 50,814 ден/кг.






Регулаторите, сепак,  ја намалија цената на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари по литар.

Според тоа од полноќ ќе важат следните цени:

Моторен бензин      ЕУРОСУПЕР БС – 95         – 87,00  (денари/литар)

Моторен бензин      ЕУРОСУПЕР БС – 98         –  89,00  (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00  (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      – 93,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                          – 50,814 (денари/килограм)

Во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на акцизите за 2,00 ден/лит кај  дизелот и кај бензините и е вкалкулиран намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати за  бензините во износ од 10%.

Поврзани содржини