ШВАЈЦАРИЈА ЈА СВЕДЕ НА 0% ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА Како тоа ќе се одрази на штедењето и на работењето на банките?

Ниската инфлација не е невообичаена за Швајцарија - земјата доживеа неколку периоди на дефлација во 2010 и 2020 година. Силата на валутата на земјата, швајцарскиот франк, е главен фактор што придонесува за овој тренд.

295

Швајцарската национална банка денеска ги намали каматните стапки за дополнителни 25 базични поени на 0% зголемувајќи ја загриженоста за потенцијално враќање на негативни стапки.

„Инфлацискиот притисок се намали во споредба со претходниот квартал. Швјацарската национална банка ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата и да ја прилагодува својата монетарна политика доколку е потребно за да се осигури дека инфлацијата останува во опсег што е во согласност со ценовната стабилност на среден рок“, се вели во соопштението на банката.






Додека другите земји продолжуваат да се борат со инфлацијата, Швајцарија се соочува со дефлација, при што потрошувачките цени паднаа за годишно 0,1% во мај.

Претседателот на ШНБ, Мартин Шлегел, денес изјави дека централната банка е свесна за несаканите ефекти од негативните каматни стапки.

-Помеѓу 2015 и 2022 година, негативните каматни стапки беа важен инструмент за зачувување на ценовната стабилност во Швајцарија, во исклучителна фаза-  рече Шлегел.

Шлегел додаде дека негативните каматни стапки се предизвик за многу економски субјекти и дека централната банка го зема предвид широкиот спектар на ефекти што таквата политика може да ги има – вклучително и врз штедењето, профитабилноста на банките и пазарот на недвижности.

Силата на валутата на земјата, швајцарскиот франк, е главен фактор што придонесува за овој тренд.

– Како валута за безбедно засолниште, швајцарскиот франк има тенденција да расте кога има стрес на глобалните пазари. Бидејќи силата на франкот беше главен двигател на ниската инфлација во Швајцарија, Швајцарската национална банка сега презема чекори за да го ограничи растот на валутата со одржување на стапките „систематски пониски од на други места“- изјави Шарлот де Монпелје, виш економист кој ги покрива Франција и Швајцарија во ING.

 

Поврзани содржини