ШИРАТ ПАНИКА, ВО НИВНО ВРЕМЕ ИНФЛАЦИЈАТА БЕШЕ ДВОЦИФРЕНА Цените се стабилизираат со политиките на Владата
Кога СДСМ зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време (годишната) инфлација достигна двоцифрени нивоа, а граѓаните плаќаа најскапа храна и струја во историјата, односно живееја со 150 денари на ден. Денес инфлацијата постепено се стабилизира во услови на глобална економска криза, енергетски шокови и последици од војната во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека инфлацијата во април, споредено со март, изнесува 1,3 проценти.
СДСМ ја манипулира јавноста ширејќи паника за инфлацијата, обвинува ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека економските политиките на Владата даваат резултати во услови на глобална криза и дека инфлацијата се стабилизира.
Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е реакција на денешното соопштение за инфлацијата.
„Очигледно е дека СДСМ повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард.
Кога СДСМ зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време инфлацијата достигна двоцифрени нивоа, а граѓанџите плаќаа најскапа храна и струја во историјата, односно живееја со 150 денари на ден. Денес инфлацијата постепено се стабилизира во услови на глобална економска криза, енергетски шокови и последици од војната во Европа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека инфлацијата во април, споредено со март, изнесува 1,3 проценти.
„Она што го премолчува СДСМ е дека годишната стапка од 5,7 проценти е резултат и на споредбената основа, бидејќи лани во овој период беа активни мерките за велигденската кошничка, кои привремено ги намалија цените на одредени производи“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата тврди дека Владата презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и потсетува дека биле намалени акцизите на горивата.
„За разлика од СДСМ, кои оставаа кризи без решенија и ја туркаа државата во долгови без ефект, ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно, домаќински и со конкретни политики за економска стабилност и поддршка на граѓаните“, се додава во реакцијата.