ШЕСТ ПОЖАРИ ГОРАТ НИЗ МАКЕДОНИЈА Огнот повторно се разгоре кај Белушино ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ: Гори букова шума во Кичевско, мешана шума кај Студеничани ОГНОТ НА ПОВЕЌЕ ФРОНТОВИ: Чаниште гори кон четири правци, активни пожари и во Липково и Македонски Брод ПОВТОРНО СЕ РАЗГОРЕ ПОЖАРОТ КАЈ БЕЛУШИНО: ЦУК со нова информација за огнената состојба 10 ПОЖАРИ ЗА ЕДЕН ДЕН: Шест активни, еден под контрола и три изгаснати БУКОВА, ДАБОВА И МЕШАНА ШУМА ПОД ОГАН: Еве каде во моментов има активни пожари

ЦУК информира дека до 13 часот се регистрирани 10 пожари на отворен простор, при што активни остануваат пожарите кај Чаниште, Студеничани, Македонски Брод, Тајмиште и Никуштак, додека пожарот кај Белушино е ставен под контрола.

0

Шест пожари на отворен простор се активни низ Македонија, а еден пожар е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи. До 13 часот денеска се регистрирани вкупно 10 пожари, од кои три се целосно изгаснати.

Најголем број активни пожари има во јужниот и западниот дел од земјата.






Во Општина Прилеп, пожарот во атарот на селото Чаниште продолжува да гори на повеќе краци – кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и кон Црна Река. Таму гори ниска вегетација.

Пожарот во Студеничани се шири на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума.

Активен е и пожарот во Општина Македонски Брод, во месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица. Огнот зафаќа ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Во Кичевско, пожарот во атарот на Тајмиште, во месноста Дарда, зафатил високостеблеста букова шума.

Пожар има и во атарот на Никуштак во Општина Липково, каде што се зафатени ниска вегетација и шума.

Во Крушевско, пак, повторно се активирал пожарот во реонот на Белушино, на потегот кон Јакреново. Пожарот е ставен под контрола, а зафатени се ниска вегетација и дабова шума.

Под контрола е ставен пожарот на депонијата во Делчево, информира ЦУК.

Во текот на денот се изгаснати уште три пожари.

Во Гостиварско, пожарот кај селото Форино зафатил ниска вегетација.

Во Општина Желино е изгаснат пожарот кај селото Церово, каде што гореле ниска вегетација и папрат.

Во Могила, пак, пожарот кај селото Мусинци бил локализиран и изгаснат, откако била зафатена ниска вегетација.

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат особено внимателни и да не преземаат активности со кои може да предизвикаат ширење на пожар, особено во услови на високи температури и сува вегетација.

Поврзани содржини