СЕ ПРЕТСТАВИЛЕ КАКО КУПУВАЧКИ, ПА УКРАЛЕ ЗЛАТЕН НАКИТ Две скопјанки приведени за кражба во Црна Гора

Двете државјанки на Македонија, според истрагата, го искористиле невниманието на вработената, сокриле четири златни ланчиња во чанти, но полицијата брзо ги открила и го вратила накитот.

0

Две државјанки на Македонија се уапсени во Црна Гора под сомнение дека украле четири златни ланчиња од златарница во Игало, соопшти црногорската полиција.

Според истрагата, двете жени на 15 јули, околу 13:30 часот, влегле во златарницата претставувајќи се како заинтересирани купувачки. Од вработената побарале да им покаже повеќе парчиња златен накит, а додека таа им ги презентирала производите, наводно го искористиле моментот на невнимание и незабележано зеле четири златни ланчиња од шанкот, кои ги сокриле во своите чанти.






„Службениците од Одделението за безбедност Херцег Нови ги лишија од слобода Ж.Ц.Т. (55) и А.Р. (33) од Скопје, државјанки на Македонија, поради сомнение дека го сториле кривичното дело кражба“, соопшти црногорската полиција.

Во полициската акција украдениот накит бил пронајден и вратен на сопственичката на златарницата.

Против двете осомничени ќе биде поведена кривична постапка согласно црногорското законодавство.

Поврзани содржини