СДСМ ШИРЕШЕ И ШИРИ ЛАЖНИ ТЕЗИ ЗА БАНКРОТ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ Струјата не само што не е поскапена, туку од јануари се бара формула за поевтинување

Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе банкротираме 2025 сигурно, постигнавме историски најголем резултат и раст. Сега шират иста теза дека 2026 сигурно банкротираме, еве повторно имам лоша вест за нив, не само што нема да банкротираме, туку ќе гледаат сѐ повеќе вакви проекти како овој, како се реализираат, изјави премиерот одговорајќи на новинарско прашање за тезите на СДСМ дека Македонија ја чека тешка есен со високи цени на струјата и банкрот.

0

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, одговори:

– Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе банкротираме 2025 сигурно, постигнавме историски најголем резултат и раст. Сега шират иста теза дека 2026 сигурно банкротираме, еве повторно имам лоша вест за нив, не само што нема да банкротираме, туку ќе гледаат сѐ повеќе вакви проекти како овој, како се реализираат.






Премиерот истакнува дека трета година од мандатот на Владата, цената на електричната енергија за граѓаните, како што вели, не само што не е поскапена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари месец да поевтинивме.

– А во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, таа порасна за една третина, цената, зборувам на електричната енергија. Тоа се мерливи и компаративни резултати и бројки. По тоа ние можеме да споредуваме, а не по политичка лажна реторика – додава Мицкоски.

Првиот човек на Владата вели дека и на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе состави влада. Тој се осврна на соопштенијата на СДСМ во кои СДСМ тврдеше дека во Македонија илегално ќе се доселуваат мигранти поради договорот за партнерство со Велика Британија.

–  Исто така, ако се сеќавате зборуваа дека во март-април доаѓале мигранти. Од Велика Британија доаѓале мигранти, еве го, јули сме на средина, мигранти нема. Повторно ширеа хистерија, повторно се обидуваа на тој начин да водат политика. Неколку дена ги слушаме, како дилерот од Кочани му бил отворен прозорот, па тој избегал. Еве вчера е приведен, онаму е однесен каде што му е местото, во затвор. Исто како што оние беа пронајдени во Драч и исто така донесени овде. Ние ќе се соочиме со една небулозна ситуација од страна на опозицијата. Тие колку повеќе лажат, толку повеќе тонат.

Премиерот вели дека граѓаните и во иднината ќе бидат сведоци на вакви соопштенија на СДСМ и дека мора да се навикнеме на, според него, ваков тип на некреативна и незрела политика.

Поврзани содржини