САМО ТРОЈЦА СЕ ЗАПИШАЛЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ВО БИТОЛА Наставата ќе се пресели во Регионалниот центар

Струката нема да се затвори. Не се затвора ниту училиштето како објект, туку само наставата по оваа струка ќе се реализира во Регионалниот центар, истакна министеркат за образование и наука, Весна Јаневска. Студентите кои годинава се запишале ќе бидат пренасочени во друга струка, додека студентите од постојните ученици ќе продолжат да ја следат наставата. дека струката нема да згасне, туку ќе биде префрлена во Регионалниот центар.

0

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува по завршувањето на вториот уписен рок речиси целосно да се пополни бројот на ученици предвиден за запишување во средните училишта во државата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска информираше дека во првиот уписен рок биле запишани околу 14.500 ученици, а во текот на денешниот втор уписен рок се очекува дополнително да бидат запишани уште околу 2.000 ученици.






Осврнувајќи се на состојбата во земјоделското училиште во Битола, министерката рече дека, и покрај реакциите во јавноста, предвидувањата на Министерството се покажале како точни.

– Во моментов има запишано само три ученици во прва година во земјоделското училиште во Битола. Сметам дека требаше да има поголема ажурност од страна на училиштето во привлекувањето и промоцијата пред деветтоодделенците – изјави Јаневска.

Таа нагласи дека согласно законските прописи не може да постои паралелка со само тројца ученици, поради што од следната учебна година земјоделската струка ќе биде префрлена во Регионалниот центар во Битола.

Според министерката, учениците што годинава се запишале ќе бидат пренасочени во друга струка, додека постојните ученици од втора, трета и четврта година ќе продолжат да ја следат наставата како и досега.

Јаневска потенцираше дека не станува збор за згаснување на земјоделската струка, туку само за нејзино преместување во Регионалниот центар, каде што, како што рече, се инвестирани значителни средства.

– Струката нема да се затвори. Не се затвора ниту училиштето како објект, туку само наставата по оваа струка ќе се реализира во Регионалниот центар – истакна министерката.

Поврзани содржини