РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС МЕЃУ ГОСТИВАР И ТЕТОВО Бил со јачина од 3,0 Рихтерови степени

Земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

153

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.






За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, може да пополнете прашалник на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје достапен на следникот ЛИНК.

Поврзани содржини