📽️ 📷 РАЗБИЕНА МЕЃУНАРОДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, ЗАПЛЕНЕТА МАРИХУАНА Акцијата продолжува во Македонија и во Косово

Во рамки на досегашните активности се уапсени неколку лица за кои постои сомнение дека биле дел од меѓународната криминална група, а запленети се околу 300 килограми марихуана наменета за нелегална трговија. Полициската операција сè уште не е завршена.

0

Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

Во акцијата од македонска страна учествуваше Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со мешовити полициски тимови од Косово и Грција. Истражните активности се спроведуваа под водство на надлежните обвинители од Македонија, Косово и Грција.






Станува збор за меѓународна операција која е резултат на подолготрајна соработка, координација и размена на оперативни информации меѓу полициските и правосудните органи на трите земји. Преку заедничкото постапување биле следени активностите на криминалната група, по што биле преземени координирани полициски дејствија за нејзино сузбивање.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Во рамки на досегашните активности се уапсени неколку лица за кои постои сомнение дека биле дел од меѓународната криминална група, а запленети се околу 300 килограми марихуана наменета за нелегална трговија. Полициската операција сè уште не е завршена.

Истражните дејствија продолжуваат во текот на денот во Македонија и Косово, како и во наредниот период, со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на улогата на лицата опфатени со истрагата и откривање на сите околности поврзани со функционирањето на криминалната група.

Поради тоа што истрагата е активна, дополнителни детали за бројот на опфатени лица, начинот на дејствување на групата и останатите преземени активности се очекуваат по завршувањето на соодветните истражни постапки.

„Акцијата претставува уште една потврда за решеноста на македонската полиција да се спротивстави на организираниот криминал и меѓународната трговија со наркотици, преку сериозен и професионален пристап, оперативна работа и брза размена на информации со меѓународните партнери“, вели МВР.

„Борбата против организираниот криминал не завршува на државните граници, поради што соработката меѓу полициските и правосудните институции од регионот останува еден од клучните механизми за откривање и сузбивање на криминалните мрежи кои дејствуваат на територијата на повеќе држави. Надлежните институции ќе продолжат со активностите, а повеќе информации за резултатите од операцијата се очекуваат по завршувањето на истражните дејствија“.

Поврзани содржини