ПРВО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ, ПА ПЕКОЛ Температурите повторно ќе надминат 40 степени
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе го прекине топлото време, но од четврток следува нов период на екстремно високи температури.
По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.
Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.
Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени Целзиусови.
Денеска во земјава ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло, со слаб ветер од променлив правец.