ПРВО ИМ ФАЛЕШЕ СТОЛЧЕ, ПОСЛЕ ИМ ЗАФАЛИЈА АРГУМЕНТИ После неколку банални изговори СДСМ избега од дебата за буџетот

0

СДСМ нема да учествува во работата на Комисијата за финансирање и буџет бидејќи се свесни дека немаат аргументи со кои би ги поткрепиле сопствените тврдења, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски откако опозициската партија соопшти дека се повлекува од работата во Комисијата во време кога треба да се направи ребаланс на Буџетот.

– Што е важно за македонската јавност во однос на овој финансиски пакет? Прво, станува збор за најповолни можни услови кои во моментов се достапни на пазарот, и убедливо најповолни услови што некоја земја од регионот ги има обезбедено. Второ, со овие средства ќе продолжи интензивната реализација на капиталните инвестиции. Според податоците на Државниот завод за статистика, секторот градежништво бележи двоцифрен раст во повеќе квартали. Понатаму, ќе продолжи растот на бруто-домашниот производ, веќе шест квартали по ред имаме раст од околу 3,5%, што е значаен економски континуитет. Со овие средства ќе се финансираат: повисоки плати, повисоки пензии, изградба на три автопати, брза железница и реконструкција на постојните пруги, нови болници и училишта, како и продолжување на реализацијата на над 1200 капитални проекти низ државата. Но, она што е можеби најважно, и што претставува крунски доказ зошто СДСМ денес не учествува во расправата, е фактот дека дел од овие средства се наменети за отплата на еврообврзница земена во 2020 година, која доспева за плаќање во јуни – рече Стојаноски.






Тој нагласува дека однесувањето на кое сведочеле во изминатите денови, а особено денес, е бегање од дебата и јасен показател дека на СДСМ не може да му се верува.

– Она што можам да го заклучам е дека аргументите кои неколку дена ги слушаме во јавноста, паѓаат еден по еден. Прво, се тврдеше дека во сала 4 нема просторни услови, односно нема каде да се седне, обезбедивме место. Потоа, се тврдеше дека заемот е ставен како втора точка на дневен ред, ја ставивме како прва точка. И кога дојде моментот тие аргументи да се соочат таму каде што им е местото, во Собранието, СДСМ одлучи да го направи она што го прави со месеци и години наназад: да избега од дебата – потсети тој.

Поврзани содржини