ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО ВО ВАРДАР КАЈ ГАЗИ БАБА Се работи за 83-годишен скопјанец
Пожарникарите го извлекле телото од реката, а семејството потврдило дека станува збор за 83-годишен скопјанец чие исчезнување било пријавено претходниот ден.
Тело на 83-годишен скопјанец е пронајдено во водите на реката Вардар, во близина на подрачјето на Гази Баба.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во раните утрински часови, по што на терен излегла екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Пожарникарите го извлекле телото од реката, по што било извршено препознавање од страна на семејството. Било утврдено дека се работи за Т.Г. (83) од Скопје.
Станува збор за човек чие исчезнување било пријавено еден ден претходно. Неговиот 46-годишен син Г.Г. пријавил дека татко му се оддалечил од домот.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина, каде што треба да биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Од надлежните институции засега нема информации за околностите под кои 83-годишниот маж завршил во реката.