ПРОНАЈДЕН МРТОВ ДИРЕКТОРОТ НА ТВ АЛСАТ Телото ќе биде предадено на обдукција
Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат околностите и причината за смртта.
Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден мртов во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат околностите и причината за смртта.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од полициската станица Бит-пазар излегле на местото на настанот, по што лицето Л.Х. било пронајдено со повреди, додека смрт констатирал лекар од Итна емдицинска помош.
– Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на булеварот Крсте Мисирков во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит-пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот – соопшти МВР.
Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“. Беше познат како долгогодишен менаџер со искуство во телевизиска продукција, маркетинг и деловно управување.
Пред ангажманот во „Алсат“, Хајредини работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка, а неговото име со години се појавува и во анализи и истражувања за медиумскиот пазар во Македонија како оперативен директор на телевизијата.
Повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалното соопштение на полицијата и завршувањето на предвидените постапки.