ПРИВЕДЕНИ ШЕСТ ВОЗАЧИ, МЕЃУ НИВ И ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ Полицијата не им простува на безобѕирните
Меѓу приведените има двајца малолетници кои управувале возила без возачка дозвола, а едно лице било затекнато зад волан иако имало активна забрана за управување.
Шестмина возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, а петмина од нив возеле без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека полициски службеници на целата територија на државата привеле шест лица кои сториле тешки сообраќајни прекршоци.
„Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување со возило. Петмина управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а едно лице управувало патничко возило иако имало активна забрана за управување“, соопштија од МВР.
Според полицијата, без возачка дозвола биле затекнати по едно лице во Скопје (малолетник), Гостивар (малолетник), Куманово, Кавадарци и Прилеп, додека на граничниот премин „Деве Баир“ било приведено лице кое управувало возило и покрај изречената активна забрана.
Од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случаите против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата.