ПРИЛЕПЧАНЕЦ МУ УКРАЛ ПИШТОЛ НА ПОЛИЦАЕЦ Не е познато дали оружјето е вратено

Полициски службеници од ОВР Прилеп додека постапувале по наредба од Основниот суд за приведување на С.Ќ. во населбата Тризла, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници и се дал во бегство, соопшти прилепската полиција. 

140

Полицаец во Прилеп вчера останал без своето службено оружје. Му го украл С.Ќ. при обид да биде приведен.

„На 28.4.2025 година во 15.47 часот полициски службеници од ОВР Прилеп додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на улицата Дебарца во населбата Тризла, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници и се дал во бегство. Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди“, соопшти прилепската полиција.






Во соопштението не е наведено дека лицето С.Ќ. е упасено и дека пиштолот е вратен.

„Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини