ПРИДОБИВКИ ОД ТИКВАТА ВО БРЕМЕНОСТА Одлична е за мајката, ама и за развојот на фетусот

Бета-каротенот од тиквата придонесува за развој на срцето, белите дробови, коските, очите, бубрезите, нервите и циркулаторниот систем на фетусот. Тиквата е богата со антиоксиданти и го зајакнува имунитетот на мајката и на плодот и ги штити од инфекции, а железото ја спречува анемијата, го транспортира кислородот до фетусот и ја намалува веројатноста од предвремено раѓање. Калиумот и магнезиумот се важни за одржување на нормален крвен притисок кај трудниците.

312

Некогаш, тиквата била важен извор на храна за Индијанците. Се верува дека е донесена во Европа од Колумбо, каде што првично се користела како добиточна храна, бидејќи луѓето не биле свесни за нејзините бројни нутритивни придобивки.

Денес, тиквата се наоѓа во многу врвни јадења бидејќи е вкусна, лесно сварлива и нутритивно богата намирница.






Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини