ПРЕТРЕСИ НА 8 ЛОКАЦИИ ВО ПРИЛЕП Предистрага за финансиски злоупотреби во прилепската болница

Обезбедени се наредби за претрес на 8 локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази, соопшти Обвинителството.

524

Од утрово во Прилеп е во тек е полициска акција по наредба на Обвинителството, во која се вршат претреси на повеќе локации, во врска со финансиски злоупотреби во прилепската болница.

 

„Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на 8 локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази“, соопшти Обвинителството.

Поврзани содржини