ПРЕСУШУВААТ РЕКИТЕ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА На некои места речните текови се прекинати

Повеќето реки во земјата во моментов се на минимум, а посебно загрижува состојбата со реката Босна, за која жителите на Зеница велат дека никогаш не била поплитка.

0

Долготрајната суша и екстремно високите температури ги доведоа реките во Босна и Херцеговина до критично низок водостој, одделни речни корита речиси пресушија, а експертите предупредуваат дека проблемот не е само во моменталниот недостиг на вода, туку и во долгорочните последици врз екосистемот и подземните резерви.

Повеќето реки во земјата во моментов се на минимум, а посебно загрижува состојбата со реката Босна, за која жителите на Зеница велат дека никогаш не била поплитка.






Долготрајниот недостиг на врнежи остава последици и врз изворите на вода и резервоарите. Хидрологот Муриз Спахиќ предупредува дека подземните резерви на вода се трошат, а за нивна обнова е потребно време.

Посебен проблем претставува фактот што нискиот водостој ги загрозува речните екосистеми. На одделни места речниот тек е веќе прекинат, што може да има последици врз целиот синџир на исхрана.

Најавените врнежи би можеле привремено да ја подобрат состојбата, но експертите предупредуваат дека краткотрајните дождови не се доволни за надоместување на долготрајниот дефицит на вода.

 

Поврзани содржини