ПРЕГАЗИ ДЕВОЈКА, ДОБИ МИНИМАЛНА КАЗНА Две години затвор за Пајазити за смртта на Теодора

Првично, тетовскиот суд во ноември 2023 година му изрече казна од три и пол години. Пајазити ја обжали пресудата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали на две години.

766

Менсур Пајазити (44) од Тетово, кој во септември 2022 година со својот автомобил БМВ ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби казна затвор од две години, откако на денешното рочиште во Основниот суд во Тетово ја призна вината.

Пајазити се појави пред судот, по неуспешниот обид да се одложи процесот поради здравствени причини на претходното рочиште. Според обвинението, тој се товари за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, за кое е предвидена казна од една до пет години затвор.






Првично, тетовскиот суд во ноември 2023 година му изрече казна од три и пол години. Пајазити ја обжали пресудата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали на две години. Сепак, и покрај намалената казна, тој не беше испратен во затвор – Врховниот суд му го уважи барањето за вонредно преиспитување, ги поништи двете претходни пресуди и го врати предметот на повторно судење.

Со денешната одлука и признание на вина, случајот повторно заврши со казна затвор – но минимална, во споредба со првично изречената.

Поврзани содржини